Спорт Фудбал

Гвардиол останува во Лајпциг, а навива за Ливерпул

Еден од најталентираните дефанзивци во Европа, Јошко Гвардиол во интервју за хрватскиот РТЛ најави дека би сакал до крајот на сезоната да остане во Лајпциг, а потоа ќе решава за следната дестинација во кариерата.

Гвардиол беше вистинско откровение на последниот Светски шампионат во Катар и веднаш го привлече вниманието на најголемите клубови на Стариот континент.

Најконкретен во последно време беше Челзи кој се обдува да го доведе во своите редови уште во текот на јануарскиот преоден рок, но најголем проблем е откупната клаузула од 120 милиони евра.

Покрај Челзи во трката за Гвардиол е подготвен да влезе и мадридски Реал, но 20 годишниот Хрват ги изненади сите со изјавата за неговиот омилен клуб во Европа.

“Мојот клуб од соништата? Дефинитивно Ливерпул. Уште од малечок заедно со татко ми ги следев настапите на клубот од Енфилд. Тоа е клуб што ми останал во срцето”, изјави Гвардиол за РТЛ.

Инаку Гвардиол со Лајпциг има договор до 2024 година и се чини дека по завршувањето на сезоната и висината на обештетувањето може да се намали барем за една третина од сумата која во моментов ја бара неговиот клуб.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе