Вести Спорт

Гранеруд ја освои новогодишната турнеја „Четири скокалници“

Халвор Гранеруд е победник на овогодинешното издание на турнејата „Четири скокалници“ во ски-скокови. Норвежанецот денеска ја потврди победата за време на последното натпреварување во Бишофсхофен.

Гранеруд ја оствари третата победа на 71-то издание на турнејата. Имаше скокови од 139,5 метри, односно 143,5 метри и со вкупни 313,4 поени триумфира на скокалницата во Бишофсхофен. Зад него финишираше Словенецот Анже Ланишек, додека Давид Кубацки беше трет.

Гранеруд е првиот Норвежанец со триумф на четирите скокалници уште од сезоната 2006/07, кога славеше Андерс Јакобсен. Оваа сезона славеше и на скокалниците во Оберсдорф и во Гармиш Партенкирхен. Во генералниот пласман на крајот Гранеруд финишира пред Кубацки, кој победи во Инсбрук, додека Ланишек беше трет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го блокира Изборниот законик затоа што нема поддршка од дијаспората

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните да плаќаат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе