Вести Економија Топ вести

Недвижностите пред стабилизација, кредитирањето со повисоки камати

Цените на квадратот за станбен простор годинава се очекува да се стабилизираат на ниво од 20 отсто повисока цена од периодот пред кризата, очекува бизнис заедницата во земјава. Дел од нив пак се скептици и велат тие и понатаму ќе продолжат да растат поради зголемените трошоци при процесот на градба.

Секако тоа ќе зависи и од побарувачката, но иако банкарите велат дека годинава ќе пораснат каматните стапки на овој тип кредити поради затегнувањето на монетарната политика сепак очекуваат интересот за нив и понатаму да остане голем.

Во евиденцијата на Народната банка во ноември се регистрирани станбени кредити во вредност од 75,021 милион денари, што е раст од 12,9 проценти на годишно ниво, односно од 1,1 отсто месечно.

Цените на становите во третиот квартал од 2022 година пораснале за 21,2 отсто во однос на истиот период претходната година. Во базата на Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал се регистрирани 7.922 трансакции, од кои 6.098 продажби на недвижности и 1.824 закупи на недвижен имот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе