Вести Економија Топ вести

Државата „на рати“ го плаќа долгот за струја на институциите

Сѐ уште виси дел од долгот за струја на државните институции. Државата скрпи неколку милиони од буџетот, за тие да уплатат одредена сума кон ЕВН, но дел од долгот сѐ уште е неподмирен. Дека има уплата потврдија и од ЕВН. Меѓу должниците има институциите кои со години не плаќале за  електрична енергија.

Префрлени се парични средства на ЕВН ХОУМ за делумно покривање на долгот за институциите, се вели во дописот од компанијата.

На МЖ Траспорт подмирен е половина од долгот, односно уплатени се 3, 2 милиони евра, а вкупниот долг на железница надминуваше 6,5 милиони евра. Оваа фирма пред Нова Година беше првата која  неколку часа остана во мрак, поради милионскиот долг.

За Мајка Тереза уплатени се околу 3,3 милиони евра за струјата на 24 клиники. Долгот пак на Клинички изнесуваше околу 7 милиони евра, во кои влегуваа и фактури од ГОБ 8 Септември.  Сметките не се плаќале повеќе од три години. Клинички Центар за влакно се спаси од исклучување.  Министерот за финансии Бесими, освен што доби задача да најде пари, тој во следниот период треба да  направи и анализа на секторот, и да се најде решение за повеќе да не се случуваат овие проблеми.

И за судовите, затворите и факултетите покриен е дел од долгот.

Државата пред крајот на минатата година експресно обезбеди околу 16 милиони евра за да им ги плати сметките на институциите. Но, тоа се случи откако ЕВН  најави дека согласно правилникот за снабдување, ќе почне да исклучува. Премиерот Ковачевски најави и дека поради недомаќинско работење, дел од раководителите ќе сносат одговорност. Некои се и веќе разрешени, но не откри за кого станува збор со образложение дека од процесот не сакал да се прави сензација.

Освен инситуциите, долгови за струја имаат и општините. Од ЗЕЛС побарале тие електричната енергија да ја добиваат од ЕСМ Продажба, по производствена цена. Побарале и средба со министерот за економија, но одговор за тоа од таму сѐ уште чекаат.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Силјановска: Доаѓа времето на жените, време е за машка еманципација

Дејан Дејан

Еден затвореник полесно повреден во инцидент меѓу две групи во затворот во Шуто Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе