Вести Култура Македонија

Малку пари, малку вработени со неисправни автомобили- Државните ревизори откриваат како се штити културното наследство

Конзерваторските центри кои се грижат за заштита на културното наследство имаат 12 исправни и 12 неисправни возила со кои може да ја извршуваат својата задача, стои во ревизорскиот  извештај „Ефикасност на политики и мерки за заштита, управување и ревитализација на недвижното културно наследство” изработен од Државниот завод за ревизија.

Во двата скопски конзерваторски центри (национален и локален) имаат вкупно 14 возила, но исправни биле само 5.

Покрај тоа, буџетот за проекти за заштита на културното наследството изминатите 4 години постојано се намалува и лани бил на најниско ниво од само 99 милиони денари (32 % од вкупниот буџет за заштита на културното наследство) или околу 1,6 милиони евра.

Во институциите за заштита на културното наследство недостасуваат и стручни и професионални вработени, а државата дури лани презела мерки за формирање на кадар. Во Управата за заштита на културно наследство во периодот меѓу 2018-та и 2021-ва биле вработени меѓу 43% и 56 % од потребниот број на вработени.

-Наведените состојби на недоволна кадровска екипираност со стручен кадар влијаат врз извршување на основната функција и активностите за кои се формирани Националните Установи, како и организационите единици надлежни за недвижното културно наследство при Управата за заштита на културното наследство (УЗКН), како што е зачувување на културното наследство во изворна состојба, создавање на што поповолни услови за негов опстанок и ефикасна заштита на недвижното културно наследство, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Ревизорите утврдиле и дека планот на УНЕСКО за регионот на Охридското Езеро не се спроведува во локалната политика која прави несоодветни ДУП-ови за надградби во заштитените подрачја на градското јадро на Охрид.

Од Државниот ревизорски завод наведуваат дека не се доволни мерките и активностите за потребна заштита со што постои „реална опасност за трајно зачувување на недвижното културно наследство за идните генерации.“

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе