Вести Култура

Вокалистот на Faithless, Макси Џез, почина на 65 годишна возраст

Максвел Фрејзер, или попознат под сценското име Макси Џез од британската музичка група Фејтлес (Faithless) почина на 65 годишна возраст. Џез починал во сон во својот дом во Лондон синоќа.

Тој беше човек кој на многу начини ги допре нашите животи. Ѝ даде вистинско значење и порака на нашата музика. Исто така тој беше и прекрасно човечко суштество со време за сите и мудрост која беше длабока и достапна во исто време. Беше чест, и секако, вистинско задоволство да се работи со него. Тој беше брилијантен текстописец, диџеј, будист, величествено сценско присуство, љубител на коли, неуморлив говорник, прекрасна личност, морален компас и гениј, напишаа неговите колеги од бендот преку неговиот инстаграм профил.

Фејтлес се сметаат за едни од пионерите на денс музиката, а нивните хитови „We Come One“ и „Insomnia“ ги вивнаа на врвот на светските топ листи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе