Вести Култура

Транзициската стварност на Скопје во фокусот на мјузиклот на музика на Архангел

„Архангелот над Скопје“, е насловот на рокенрол мјузикл направен на музика на рок групата Архангел, чија праизведба ќе се одржи в сабота (24.12.) во МНТ.
Музиката на Архангел, создадена од музичарот и лиричар Ристо Вртев е основа за приказната која зборува за животот на градот Скопје, во периодот на неговото созревање од деведесетите години на минатиот век па до денес. Урбаниот скопски живот ќе се прикаже преку битисувањето на транзициските генерации кои сакаат да направат промена во културно-општествениот живот, наспроти баналната стварност која ги фрла на маргините на општеството.
 Во мјузиклот како изведувач настапува Ристо Вртев, кој се јавува и како автор на текстуалната предлошка. Режијата и дизајнот ги потпишува Наташа Поплавска, како кинематографер беше ангажиран Љуљзим Луиџи Бејта – Буцо, видео анимациите се на Дејан Матиќ, а зад видео продукцијата стои Машина продакшн.
Настапува првенката на Националниот балет Мирјана Поп-Алексова и младите актери:  Нина Елзесер, Стефан Спасов, Јована Спасиќ, Антонио Ташковски, Ања Митиќ, Лазар Христов, Ана Грамосли, Гоце Андонов, Катерина Јовановиќ, Ведран Чешарек, Ана Јованoвска, Кире Ацевски, Мина Јелушиќ, Марија Талеска, Мартина Даниловска и Марко Младеновиќ.
А, нумерите на Архангел ќе ги свират: Зоран Костадиновски – гитара, Виктор Николовски – бас гитара, Благоја Антовски – тапан, Сашко Николовски – тромбон, Кирил Кузманов – саксофон, Трајче Велков – труба, Стефан Илиевски – клавијатури.
Мјузиклот е во продукција на Здружението за развивање на уметност и културна соработак АРТ МЕДИА, а во соработка со Македонскиот Народен Театар и Театар Комедија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе