Вести Култура

„Нема пари во културата или е блеф“, прашуваат од Синдикатот за култура за основањето три нови национални установи од страна на Владата

Нема пари во културата или е блеф, прашуваат од Синдикатот за култура во писмено соопштение, во врска со одлуката на Владата, на предлог на Министерството за култура, да основа три нови национални установи: Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес во селото Смилево, Музички театар во Тетово и Камерен оркестар во Битола.Од Синдикатот за култура не спорат дека новите национални установи ќе влијаат позитивно на културните процеси во државата , но велат дека нивното формирање поминало нетранспарентно и дека е спротивно на заложбите на Владата да се штеди во услови на економска и енергетска криза.

Беше кратено од финансиите за реализација на годишните програми со образложение дека ќе бидат пренаменети за плати. Беше препорачувано да се штеди и работи со изгасени сијалици. Не беа реализирани многу потребни вработувања, не се исплаќаа додатоци на плата за отежнати услови за работа.И не се одобруваа финансии за стручните звања во заштитата, соопштија од Синдикат за култура на Република Македонија.

Од претставници на Министерството за култура на Синдикатот му се укажувало за потребата од децентрализација на најголемиот број национални установи и за пренесување на основачките права од државно на локално ниво, што се директиви од ЕУ, со објаснување дека имаме премногу институции кои државата ги менаџира, стои во соопштението. Па, од СКРМ прашуваат дали државата креира нови национални установи, а постоечките планира да ги децентрализира?

Премиерот Ковачевски вели дека кратењето на буџетите за програми во културата не значи дека во други не може да се дадат зголемени суми. Новите установи нема да бидат комплетирани во една година, туку се работи за среднорочен процес кој треба да го продолжи било која Влада во државата. Културното наследство ги дефинира како целина сите граѓани на Македонија- идна земја членка на ЕУ, дополни премиерот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе