Вести Култура

Дрим Фектори го снима својот најнов проект „Мојата мајка е космонаут” со една од холвудските ѕвезди Вилијам Болдвин

Македонија полека но сигурно го гради патот кон соработка со холивудските филмски ѕвезди. Започна првиот дел од снимањето на проектот „Мојата Мајка е космонаут“ по сценарио и во режија на Енди Делиана. Во проектот една од главните улоги ја игра Вилијам (Били) Балдвин, една од големите холвудски ѕвезди, заедно со Наталија Санчез, една од најпознатите актерки во моментов во Шпанија, особено со серијата Лос Серано, како и Стеф Досон, Џон Гросман и Мајк Хофман.

Проектот се снима во Албанија, Франција и Македонија, бидејќи тука се случува дел од приказната.

Сценографијата во филмот ја потпишува Влатко Зафирковски, додека костимограф е Жаклина Крстевска, снимател на звук е Дарко Спасевски, како дел од Македонската екипа која што работи на проектот. Филмот е во копродукција помеѓу Албанија и Македонија, финансиски е помогнат од Агенцијата за филм на Р.Македонија и европскиот фонд Еуримаж, и тоа помеѓу филмските компании, Ред Хеликоптер филм и ДРИМ ФЕКТОРИ од Македонија, а продуценти на филмот се Енди Делиана, Ана Каролина Делвекио, Стојан Вујичиќ и Огнен Антов.

Дрим Фектори е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето филмско портфолио вклучува дела на светски познати режисери како и млади режисери чие време допрва доаѓа, а кои се прикажани на најголемите фестивали во светот. Од бројните филмски остварувања на ДРИМ ФЕКТОРИ е играниот филм „Џган“ во режија на Вардан Тозија, добитник на повеќе награди и учесник на преку триесетина филмски фестивали ширум светот, потоа копродукциите „Ловци на вештерки“ во режија на Рашко Миљковиќ или „Вера сонува за морето“ во режија на Калтрина Красниќи со кој учестуваваа на еден од најстарите филмски фестивали на светот Интернационален филмски фестивал во Венеција, Италија, од каде што се вратија со две освоени награди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

 МНТ со праизведба на  „ Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „ Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе