Вести Македонија

Заканите за поставени бомби се дел од хибридната војна што ја води Русија, смета професорот Дујовски

Хибридни закани како по учебник, кои треба да создадат страв и паника кај граѓаните и недоверба во државните институции. Глобална хибридна војна која не ја водат ученици, вели универзитетскиот професор Дујовски, и треба да бидеме свесни дека војната која ја води Русија не е само на бојното поле во Украина, туку се води и на интернет и ова е вистински пример како тоа се прави.

„Овие хибридни закани се дел од хибридната војна која Русија ја води против овој дел од светот. Не смее никој да има дилема во такво нешто. Најголем дел од овие закани јас ги гледам како дел од хибридната војна која Русија ја води против земјите членки на НАТО. Ако ние сме последна земја која се приклучи на НАТО, сè уште ранливи во фазата на размена на информации и затоа веројатно ние сме и целта на овие напади најмногу, повеќе од сите други држави. Можноста во овој момент да откриете од кое точно место во Русија се испраќаат овие закани е еднаква на нула“, професор доктор Никола Дујовски од Факултетот за безбедност.

Министерството за надворешни работи е новата институција до каде утринава беше испратена закана за поставена бомба. Дојавата пристигнала преку електронска пошта, за поставени неколку експлозивни направи. Зградата беше евакуирана. Веднаш по завршената проверка вработените се вратија на своите работни места. Дојави за поставени експлозивни направи пристигнале и до ГТЦ, Џеваир сити, Трговскиот центар Ист гејт, како и во девет училишта, меѓу нив и основно училиште во Кавадарци. Граѓаните кои утрово беа во градскиот трговски ценатар и вработените во истиот  панично го напуштаа објектот и чекаа да завршат проверките.

Во сите објекти каде денес имаше дојави за бомби се утврди дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).  

Според Дујовски, целта на овие хибридни напади е да покажат дека институциите не функционираат и дека државата нема капацитет да се справи со ваквите закани и Македонија во моментов е најзложена на вакви напади.

„Прво граѓаните никако не треба да бидат вознемирени и не треба да потпаѓаме како општество под главната цел на терористите дека немаме капацитет како држава да се справиме со ова и да делуваат политички  врз евентуални промени кои ќе следуваат понатаму. Од поодамна безбедноста на училиштата и на објектите од витално значење е подигната на повисок степен. Не постои никаква реална опасност таквите дојави, лажни кои се повеќе од триста во изминативе два месеци да бидат ефектуирани во наредниот период“, додава Дујовски.

Македонија влезе во третиот месец на лажни дојави за поставени бомби , испратени по електронски пат. За сега само едно лице заработи кривична пријава. Минатата недела за прв пат закана за поставена бомба доби Народната банка како државна институција, дојави за поставени бомби добија трговски центри, Транспортниот центар и полициската станица Беко.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Три млади лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во Кичево

Дејан Дејан

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе