Вести Забава Култура Свет

Почина акерката Кирсти Ели, најпозната по улогата во хумористичната серија „Cheers“

Актерката Кирсти Али, најпозната по улогата во хумористичната серија Cheers во 1980-тите и 90-тите години, почина од рак на 71 година.

„Со тага ве известуваме дека нашата неверојатна, жестока и љубовна мајка почина“, напишаа нејзините деца. Во соопштението на семејството не е прецизирано од каков каконцер боледувала, но се вели дека „само неодамна е откриен“.

„Таа беше опкружена со нејзиното најблиско семејство и се бореше со голема сила, оставајќи ни сигурност за нејзината бескрајна радост на животот и какви било авантури кои ѝ претстојат“, продолжи во текстот.

Али доби награда Еми за улогата на менаџер на пабот во популарната ТВ серија.

Во Cheers, саканиот ситком на NBC за еден бар во Бостон, таа го играше ликот на Ребека Хау наспроти актерот Тед Денсон.  Глумеше во 147 епизоди откако се приклучи на шоуто на врвот на нејзината популарност и продолжи да се појавува до неговиот крај во 1993 година.

Во 1993 година, таа освои второ Еми за најдобра главна женска улога, овој пат за ТВ филм на CBS наречен Мајката на Дејвид.

Беше дел од филмовите Star Trek II: The Wrath of Khan, Drop Dead Gorgeous и сериите Look Who’s Talking.

Прв од нејзините колеги кој и оддаде почит беше Џон Траволта, кој глумеше со неа во серијата Look Who’s Talking. Тој на својот Инстаграм профил напиша:

„Кирсти беше една од најпосебните врски што сум ги имала. Те сакам Кирсти“, напиша тој покрај нејзината фотографија. И додава : „Знам дека повторно ќе се видиме“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе