Вести Економија Најважни

На Клинички и Железница им се заканува исклучување на струјата поради милионски долгови

На Клинички и Железница им се заканува мрак. За помалку од две недели електирчната енергија во овие инситуции  може да биде целосно исклучена, поради  тоа што должат милиони за струја, а немаат доставено ниту банкарски гаранции.

Од ЕВН за Телма велат дека тие веќе испратиле и  известување до нив. Направен е и план на кои точки ќе има прекин на струјата. Од компанијата  потенцираат дека тие ќе ги искористат сите законски механизми кои им се на располагање за да си го наплатат долгот.

Клинички центар и МЖ Транспорт ги исполнуваат условите за исклучување како крајна мерка, по претходно искористување на сите законски можности. Даден им е рок од две недели во кои треба да достават банкарски гаранции, а веднаш после тоа можат да бидат исклучени. За состојбата известени се сите институции и Владата, велат од ЕВН

Од Железници и од заеднички служби при Клинички се загрижени за состојбата, пари немаат и се надеваат на повеќе средства од буџетот.

Од МЖ Транспорт за Телма соопштија дека тие имаат направено големи заштеди на струја за септември, октомрви и ноември, но дека долгот кон ЕВН стои. Во преговри се и со Владата и со ЕВН, и се надеваат дека ќе се најде решение, за да не сопрат возовите.

И од заеднички служби на Клинички со сличен став. Велат тие се посебно тело кое не се финаинсира од буџетот, туку сами. И тие како Железница се надеваат дека државата ќе најде начин за да не останат без струја.

Да се  исплатат повеќе средства од буџетот во Фондот за здравство, а потоа од таму да се прераспределат по клиниките и со тие пари да почнат да се плаќаат фактурите за струја. Во моментов тоа е единствениот начин да се расчисти долгот, друга опција нема, велат за Телма.

Премиерот Ковачевски рече дека државата мора да помогне, но не прецизираше кога би се платил доглот за да се спасат од мрак.

Телма неодамна објави дека долгот за струја на „Мајка Тереза“ е околу 7 милиони евра, во кој влегуваат фактури и од ГОБ 8 Септември. Но, поголемата сума отпаѓа на Клинички. Сметките не се плаќале повеќе од три години. Пред извесно време од заеднички служби за Телма потврдија дека нивната сметка е често блокирана и да имало пушено пари за струја, некој друг доверител преку извршител ќе ги повлече средствата. На Железници пак долгот е околу 6 милиони евра. Ова претпријатие е и загубар, и со финансиски проблеми се бори подолго време.

Листата на должници за струја е долга. Износот достигна и до 40 милиони евра. Оваа сума преставува сериозна закана за енергетскиот сектор во услови на најтешката и најдлабоката енергетска криза. Долгови имаа и затворите, факултетите, судовите. Од понеделник, ЕВН се очекува да испрати известување за исклучување и до други инстиуции.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе