За време на натпреварот меѓу селекциите на Франција и Тунис во текот на второто полувреме на теренот влезе навивач со палестинско знаме во рацете и со порака за поддршка на Палестинците на неговата маица.
Тој успеа да стигне скоро до средината на теренот кога обезбедувањето успеа да го сопре и да го изнесе од теренот.
Влегувањето на навивачот предизвика реакција на делот од трибините каде се наоѓаа туниските фанови кои почнаа да скандираат: Палестина, Палестина.
Ова е веќе втор пат за само неколку дена и покрај силното обезбедување на теренот да влезе еден од навивачите.
ФОТО: Игор Паневски





