Вести Култура Македонија

Пенушлиски бара да ја повлечат неговата слика од бугарскиот културен центар од “изложбата која не може да биде ништо друго освен изложба на дела од бугарски Бугари и македонски Бугари”

Cѐ додека бугарската политика не престане со примитивните и за нас болно навредливи посегнувања по сржта на нашето постоење, секоја „културна соработка” ќе биде травестија, се вели во реакцијата на познатиот македонски сликар Илија Пенушлиски кој дознал дека и негова слика била изложена на изложбата „Заедно“ во Бугарскиот културен центар во Скопје.

Пред четири дена во Скопје беше отворена заедничка изложба на уметници од Македонија и Бугарија, насловена „Заедно”. На изложбата е изложена и една слика на сликарот Илија Пенушлиски од Галичката колонија, без негово знаење.

„Се прашувам, која е смислата на оваа изложба? Кого таа го претставува? Во некој нормален свет една ваква изложба би била вообичаен пример за културна соработка меѓу два народа. Но, со оглед на зацементираниот бугарски став за непостоење на македонска нација, на македонски јазик, па од таму и на македонско сликарство и култура, одговорот се наметнува – за нив, Бугарите, изложбата не може да биде ништо друго освен изложба на дела од бугарски Бугари и македонски Бугари, вели Пенушлиски.

-А на таа изложба ме убутале и мене. Со слика што сум ја насликал на Галичката ликовна колонија пред дваесетина години. Од изненадени пријатели дознавам дека моето име стои и на излогот на центарот. Демек, чаршијата да види кој сѐ учествува во овој настан, реагира Пенушлиски кој ја замолува Галичката колонија да ја повлечете неговата слика изложбата и Бара бугарскиот центар да го избрише неговото име од излогот.

-Cѐ додека бугарската политиката не престане со примитивните и за нас болно навредливи посегнувања по сржта на на нашето постоење, секоја ‘културна соработка’ ќе биде травестија, потенцира сликарот Илија Пенушлиски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе