Вести Култура

„Еуропа прима“ потпиша меморандум за соработка со СТП „Капитал партнерс“

Интернационалниот универзитет „Еуропа прима“ и СТП „Капитал партнерс холдингс“ Скопје, компанијата која ќе го гради Технолошкиот парк Скопје (СТП) заедно со филмските студија на Џон Малкович потпишаа меморандум за меѓусебна соработка. Аудиовизуелните и сценските уметности, низ призмата на современите дигитални технологии,  кои се предмет на изучување на ИУ ЕУРОПА ПРИМА, со овој меморандум ќе добијат меѓународна афирмација преку партнерства со светски реномирани универзитети, во рамките на Едукативниот центар на СТП, истакнаа Иван Видаковиќ од СТП Капитал партнерс и Јордан Плевнеш од ИУ Еуропа Прима. Специјална гостинка на настанот беше и познатата пијанистка и директор на Арт-Линк од Белград Јованка Вишекруна, која ја организираше турнејата на Малкович низ регионот.

За нас како мал универзитет кој постои 15 години поврзувањето со оваа огромна инвестиција која ќе биде ренесанса на Балканот и во овој дел на Европа значи многу.  Кога го формиравме Универзитетот ние ја гледавме целината на Балканот како цивилизација, независно од фактот што Балканот се уште е третиран како поле на индустрија на омраза, корупција и криминал.

Тоа е мал чекор, но воедно и голем чекор за образованието во Македонија и Балканот. Нашата цел е да ги донесеме светските образовни институции и да направиме синергија со универзитет  како ЕУРОПА ПРИМА. Ние како СТП всушност нудиме образовен дел на универзитет каде ќе се оствари соработка со македонските, но и светски  високообразовни институции. Но имаме и дел во кој се филмските и музички студија, каде младите луѓе ќе најдат работа.

Она што сите нас нè поврзува е една заедничка желба да го истакнеме она што е најдобро тука кај нас и да го градиме. И конечно овој регион да го пласираме на една глобална сцена, пред се уметничка сцена. Регион кој е расадник на таленти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе