Вести Култура

Државни институции на погрешни лоокации- Инспекторите советуваат Државниот архив под итно да се дислоцира

Да се изгради нова зграда за Државниот архив подалеку од Вардар,зашто на сегашната локација архивскиот материјал и покрај превентивните мерки е изложен на влага. Новата локација треба да биде подалку од  централното градско подрачје зашто на актуелната има влијание и од штетните гасови. Ова е ставот на инспекторите од Државниот архив, искажан на Форумот – Управување со ризици од поплави за заштита на културното наследство.

  • Архивот треба да се гради подалеку од водени површини, значи реки, езера, мориња. Да се испита геолошкиот состав на земјиштето дали има подземни води, да не дојде до влага во просториите каде што се чува архивскиот материјал , односно депоата, вели Наумче Ризовски – инспектор во Државниот архив- одделение Велес.

Потребна е евалуација на можни кризи пред да се почне  со проектирање на објекти за чување на културното наследство. Тоа не беше случај со Архивот и другите градби на Вардар, чие широко корото иако било изложено на регулација кон крајот на 19 век и стеснато, водата сеуште понира и така ќе биде во иднина, велат од  МНК – Син Штит.

  • Се поставува прашањето, дали е среќна позицијата да се одбере веднаш покрај брегот на река која што многу пати поплавила, да се изградат неколку музеи кои што во себе чуваат културно наследство и Државниот архив на Македонија, кој чува наследство  од категоријата најранливо во случај на влага и поплава, вели Оливера Џартовска Тачевска – МНК „Син Штит“.

Како држава имаме пасивен однос кон културното наследство, а надлежните институции само делумно се подготвени за менаџирање со ризик при поплави. Планови за заштита и справување со природни непогоди имаат  од поодамна само институциите во кои има служби за безбедност. А, во останатите, сега се прават по налог на УЗКН. Но, планот не значи ништо без функционални тимови и обуки, не само на задолжените за евакуација и реагирање, туку на сите вработени, дополнуваат од „ Син Штит“.

Во рамките на настанот беше отворена изложба по повод 60 годишнината од поплавата во Скопје. Таа потсети дека треба да учиме од минатото низ фотографии, текстови и видео.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе