Вести Култура Македонија

Доделени наградите 13ти Ноември

Доделени наградите 13 Ноември што Градот Скопје ги посветува на физички и на правни лица во знак на признание, за остварувања во многу области и сегменти од општественото живеење и кои претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Македонија во светот. Наградени беа дејци од неколку области меѓу кои и за, Публицистика, Култура, Наука, Уметност. Присутните на настанот порачаа дека на овој начин се изразува неизмерна благодарност и им се оддава признание на борците коишто одлучно и храбро се бореле и го ослободиле нашето Скопје пред 78 години…

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2022 година се:

Од областа на публицистиката

  1. д-р ИГОР РАДЕВ – за особен придонес на полето на книжевно-преведувачката дејност.
  2. ЉУПЧО ЈОЛЕВСКИ – за четиридецениска интензивна и професионална работа во новинарството.

Од областа на образованието и воспитанието

  1. проф. д-р ВЕСНА МОЈСОВА – ЧЕПИШЕВСКА – за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата во изминатиот период.
  2. проф. д-р РИСТО МАЛЧЕСКИ – за покренувaње онлајн платформа www.matematickitalent.mk зa време на пандемија и во време кога Република Македонија се соочува со недостиг на учебници за основно и за средно образование.

Од областа на културата

  1. АРЛИНДА КАЛИСИ – за долгогодишен придонес како уредник на културните манифестации и автор на емисијата „MOZAIKU KULTUROR“.
  2. ЈУ МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР – СКОПЈЕ – за јубилејот 50 години работа и развојот на културата и афирмацијата на младинското творештво во град Скопје.

Од областа на науката

  1. проф. д-р МИТКО Б. ПАНОВ – за значајни остварувања во науката, како и иницијатор и автор на проектот на културниот настан „ Денови на Јустинијан I“.
  2. проф. д-р СИЛВАНА ГЕОРГИЕВА – за значаен придонес во научно-истражувачката дејност во стоматологијата, подигнување на квалитетот на забоздравствената заштита и подобрување на оралното здравје на граѓаните на град Скопје и пошироко во државата.

Од областа на уметноста

  1. ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ – за повеќегодишни достигнувања како театарски и филмски актер.

Од областа на хуманитарната активност

  1. ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА И ТРЕТМАН НА ЛИЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР И АТИПИЧЕН РАЗВОЈ „ВО МОЈОТ СВЕТ“ -за отворање центри за рана интервенција и третман за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и обезбедување помош и поддршка на младите и возрасните лица со пречки и на нивните семејства.
  2. ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА „СВЕТИ СПАС“- СКОПЈЕ – за кoнтинуирано помагање на социјално загрозени лица.

Од областа на здравствената заштита

  1. проф. д- р СМИЉА ТУЏАРОВА ЃОРГОВА – за највисоки достигнувања во областа на медицината, науката и образованието во државата и во светот, како и автор на делото – Естетска хирургија на глава и врат.
  2. д-р СОЊА БОЈАЏИЕВА – за долгогодишен придонес во здравствената заштита на младата популација и значаен придонес во хуманитарните активности.

Од областа на заштита и унапредување на животната средина и природата:

  1. ГРУПА ТВОРЦИ-ТИМ ДОЗА СРЕЌА: Ања Цветковиќ, Никола Стојановски, Денис Димитров,  Дарко Ефтимовски, Илина Георгиева, Коста  Аризанов, Христијан Стојанов, Викторија Блажевска и д-р Драган Јованов. – за врвни достигнувања на светски натпревари за млади иноватори (лица со посебни потреби) на тема Животна средина категорија – Лековити растенија.

Од областа на спортот

  1. ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ – за најголемиот успех и постигнување во спортот – освоен Сребрен медал од олимписки игри во Токио 2020, одржани во 2022 година.
  2. РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961 – за претставување на градот пред спортската јавност во Европа и неизмерна радост на сите скопјани.

Ученици и студенти

  1. АЛЕКСИЈ ТАСИЌ – за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.
  2. АНГЕЛА КОСТУРАНОВА – за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.
  3. ЕРЈОНА АЗИЗИ – за успешни постигнувања во континуитет во наставните и воннаставните активности во земјата и во целиот свет, проследени со 18 златни медали.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе