Култура

Се разгледува можноста куќата на Личеноски комплетно да се санира со европски пари

Во насока на комплетна санација и ставање во функција на спомен- куќата на Лазар Личеноски, објектот  во кој е поставена изложбата на студенти од ФЛУ , по повод третиот роденден на Европската куќа во земјава, го посетија евроамбасадорот Дејвид Гир, сопругата на претседателот на Македонија , Елизабета Ѓоргиевска , директорката на Националаната галерија на Македонија, Дита Старова – Ќерими и претставници од дипломатскиот кор, се наведува во соопштението од НГМ.
–  Во рамките на одбележување на третиот роденден на Европската куќа во Скопје, изразувам бескрајна благодарност за иницијативата од страна на амбасадорот на Европската унија, пред присутните претставници на дипломатските тела на земјите членки на Европската унија, јубилејот да се одбележи во куќата на еден од најголемите македонски уметници, Лазар Личеноски. Воспоставување на Европската куќа во Скопје е поставување на прозорец во ѕидот, прозорец на Европската унија за младите луѓе. Како што можете да видите, прозорецот е транспарентен и има две насоки. Европската куќа го отвора прозорецот кон Светот за да ја види разновидноста и креативноста, особено на младите, кажа амбасадорот Гир во обраќањето.

Првата дама во говорот го најави она што деновиве се слуша неофицијално дека се прават напори куќата на Личеноски да биде целосно ревитализирана  со европски пари. 

  • Со културните аташеа на земјите членки на Европската унија разменивме идеи за вмрежување со цел да ги разгледаме можностите за конзервација и реставрација на куќата-музеј на Личеновски, чие дело ја збогатува македонската културна ризница.Гордост е да се биде патрон на Проектот во соработка со Националната галерија и претставници на Европската делегација. Проектот е значаен од повеќе аспекти, покрај идеолошката и традиционалната вредност, претставува основ да се изгради жив и динамичен простор како инспирација за наредните генерации, истакна Елизабета Ѓоргиевска.  

Според директорката на Националната галерија, Старова- Ќерими , процесот на обнова на куќата е сложен и затоа е голем предизвик за нив како институција, под чија управа е објектот од 2015 година.

  • Во тек е конзервацијата на  сликите која ќе оди во неколку фази, заради обемноста на обврските и во зависност од средствата кои ќе ни бидат одобрени од страна на Министерството за култура. Во очекување сме да ни бидат одобрени финансии и за проектот кој предвидува конзервација на етнолошкиот материјал како би можеле да отпочнеме со непосредна заштита на истиот. Тука е и библиотечното културно наследство за кое во тек е изработка на проектот за негова конзервација и заштита. Во тек е изработка на Анекс на проектот за конзервација и реставрација на објектот, кој предвидува поставување на дренажен систем околу објектот заради појава на влага од атмосферски/подземни води како и санација на влезниот степенишен дел на објектот. По изработка на  дополнителниот  проект и поминати стручни контроли од надлежните институции истиот ќе се придодаде кон Основниот проект со што ќе се овозможи објава на јавна набавка за фазата архитектура, кажа директорката на Националната галерија.

Значи ние веќе отпочнавме со реализацја на дел од активностите поврзани со санацијата на куќата и движниот културен материјал, но, како понатаму ќе оди  зависи од тоа дали, кога и колку средства понатаму ќе успееме да обезбедиме, додаде Старова -Ќерими.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Експресионистичкиот ликовен свет на Масин од вечерва на увид на јавноста

Дејан Дејан

Шестото издание на „Литера“ со повеќе новитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе