Вести Култура

Започнува 47-от МОТ со 60 отсто скратен буџет

Младинскиот културен центар (МКЦ) ги прави последните подготовки за вечерашното отворање на 47. Интернационален театарски фестивал „Млад Отворен Театар“. Но, средствата кои МОТ ги доби годинава од Министерството за култура и од Град Скопје се 60 отсто помали од претходните години и изнесуваат вкупно 56 .000 евра. Затоа во програмата доминираат домашните, наспроти претставите од странство, бројот на изведувачи е до четири, а изведбите се кратки.

МОТ оваа година има два милиони денари од Министерството за култура. Минатата и предминатата година беа од четири милиони, па нагоре, сме биле во тој просек од четири до шест милиони. А, од Град Скопје оваа година имаме 1, 5 милиони денари, а имавме три милиони. Шеесет отсто кратење на буџетот е веќе буџет за друг фестивал, вели Русе Арсов, програмски раководител во МКЦ.

Дополнителен удар на фестивалот предизвикала економската криза со порастот на цените за хотелско сместување, транспорт на сценографија и авиобилетите кои скокнале два до три пати од пред пандемијата. Во тие околности невозможно е да се донесат големи светска театарска продукции како Остермаеровиот „ Галеб“ во 2016 година, зашто тие чинат колку што е годинашниот буџет на МОТ, вели Арсов.

Јас се плашам дека ние веќе ќе изгубиме таков фестивал, каде што ќе можеме да погледнеме такви продукции. И тоа се тие културни политики за кои треба многу да се разговара и многу да се внимава. Можеби немаме потреба?, вели Арсов.

Сепак има и една убава новина. Осум домашни претстави  ќе се натпреваруваат за наградата која го носи името на основачот на МОТ –  Љубиша Никодиновски- Биш, кој почина летово. А, победникот ќе добие награда од 3.000 евра и можност за копродукциски проект со МОТ за следното издание. Фестивалот ќе трае до 19 ноември.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе