Вести Култура

Пронајдени 24 исклучително добро сочувани бронзени статуи во Италија

Италијански археолози открија 24 одлично сочувани бронзени статуи во тоскана, за кои се верува дека датираат од времето на античкиот Рим. Статуите биле откриени меѓу остатоците на античка римска бања во Сан Касиано деи Бањи во провинцијата Сиена, на околу 160 километри северно од италијанската престолнина Рим. Меѓу нив има статуи на Хигеа, Аполо и други грчко римски богови, а археолозите сметаат дека се стари околу 2.300 години со потенцијал да го променат сфаќањето на науката за тој период од антиката.

Пред само неколку денови во големата бања, се појави исклучително откритие. Од дното на базенот, на најниската точка на оваа монументална структура, се појавија 24 бронзени ремек дела, изјави професорот Џакобо Таболи, од Универзитетот во Сиена, кој ги води ископувањата.

Повеќето од статуите биле пронајдени потопени во водата под античката бања, заедно со околу 6.000 бронзени, сребрени и златни монети, а датираат од вториот и првиот век од новата ера. Токму тој период историјата го смета за многу значаен за регионот на Тоскана, нарекувајќи го „големата трансформација на Тоскана“ поради транзицијата од етрурска култура кон римска, откако антички Рим ја наметнал својата превласт над регионот на патот кон евентуалното целосно освојување на Апенинскиот полуостров.

Професорот Таболи вели дека статуите биле зачувани во водата, во која пак биле потопени пред повеќе од два милениуми како форма на религиозен ритуал.

Додека се воделе социјални и цивилни војни надвор помеѓу вториот и првиот век пред новата ера, внатре во светилиштето големите етрурски и римски фамилии се молеле заедно во контекст на мир, заобиколен од конфликт. Статуите имаат написи за божествата на фонтаната, а има написи и на Латински и на Етрурски. Зборуваме за ремек дела на антиката кои ја дополнуваат и отвараат ново поглавје во историјата, и проучувањето на бронзените статуи и светите ритуали во тој период помеѓу Етрурците и Римјаните, изјави професорот Таболи.

Генералниот директор на италијанските државни музеи, Масимо Осана, пронаоѓањето на бронзените статуи го нарече едно од најзначајните археолошки откритија во Медитеранот.

Статуите ќе бидат реставрирани во лабораторија во Гросето, пред да бидат исложени во новиот музеј, чија изградба ја најави италијанското Министерство за култура, посветен токму на ова откритие.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе