Вести Економија Најважни

Шема за евтина стуја: Профитабилни компании добиваат струја по багателна цена, наместо по берзанска

Големи индустриски капацитети, ланец маркети, мобилни оператори, повеќе осигурителни компании, казина, познати аптеки, градежни фирми, речиси сите општини, градски паркинг, ова се само дел од оние 12 илјади потрошувачи кои наместо да плаќаат поскапа струја од отворен пазар, најдоа начин да ги избегнат големите сметки. Уште во февруари  формирале нови фирми со 20 вработени кои според законот не мора да бидат на слободен пазар, туку струјата ја добиваат од исто место од каде се снабдуваат домаќинствата. Овие фирми ќерки скилучувале договори за закуп со фирмите мајки – големите потрошувачи на струја. Со закупот новоформираната фирма ќерка ја презема и сметката и на тој начин плаќала и до 10 пати пониска фактура за електрична енергија. По прававило на регулираниот пазар со струја треба да се снабдуваат само граѓаните и малите потрошувачи.

Оваа пракса траела со меесеци. На ваков начин сметките си ги намалувале прво општините, а  потоа  моделот за да се дојде до поевтина струја почнале да го практикуваат и големи познати фирми. Снабдувачот на струја за ова го известил регулаторот кој утврдил дека ова е не фер начин овие потрошувачи да стигнат до евтина струја и за состојбата ги известил финансиската полиција, УЈП и Пазарен инспекторат. На надлежните им требале повеќе од 7 месеци да ја откијат шемата, по што ја известиле Владата.

Во понеделникот владата на седница, донесе одлука сите овие 12 илјади потрошувачи на кои не им е местото на регулиран пазар, од први декември да си најдат снабдувач и да се вратат на отворен пазар. Првиот регулатор вчера во интервју за Телма рече дека е свесен дека општините имаат зголемени трошоци за струја, но дека мора да поработат и на подобрување на ефикасноста во работењето, а не само да бараат помош.

Имињата на сите овие големи фирми кои на ваков начин драстично си ги намалија трошоците за струја им се познати на надлежните инситуции, но за сега ниту една институција не сака да ја објави листата на нивните имиња.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе