Култура

Филхармонијата вечерва со омаж на Александар Џамбазов

Во чест на нашиот композитор и диригент Александар Џамбазов, кој почина на почетокот на годината, вечерва Филхармонијата ќе одржи концерт , насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“.Со концертот ќе диригира Џијан Емин.

  • Со овој концерт, оркестарот на Филхармонијата, СОКОМ и пејачите кои ќе настапат ќе му оддадат признание и почит на Александар Џамбазов, кој остави непроценлив музички опус“, велат од Филхармонијата.

Меѓу композициите на програмата се : „Седумте танцови варијации“, со  солистката на пијано Елена Атанасовска-Ивановска, „Рапсодија за Скопје“, со пијанистот Иво Настевски, дела од опусот на Џамбазов напишани за Ревискиот оркестар и избор од песни што ќе ги пеат Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска.

Концертот е во рамките на манифестацијата „ Денови на македонска музика“, што се одржуваат по 45 пат.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе