„Не драматизирај!“ – е мотото на триесеттото јубилејно издание на „Скомрахи“, интернационалните студентски средби. Годинашното издание на драмскиот фестивал започнува утре со „Пиеса 27 на ливерпулски начин“ и ќе трае до 5 ноември, на повеќе локации во Скопје, а главната програма ќе се одвива на Факултетот за драмски уметности. Во текот на петте фестивалски денови ќе може да се проследат претстави од македонски, но и студенти од Белград, Осјек, Хамбург и Лондон, како и изложби, работилници, предавања и музички настапи.
изјави Мими Таневска Србиновска, декан на ФДУ и Илија Циривири, директор на фестивалот „Скомрахи“