Култура

Награда „ Трајко Прокопиев“ за композиторот Љупчо Константонов

Во рамките на манифестацијата „ Денови на македонска музика“ , највисокото професионално признание на Сојузот на композитори на Македонија, за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата- наградата “Трајко Прокопиев“, вечерва ќе му биде доделена на композиторот Љупчо Кoнстантинов. По минатогодишната награда -Голема звезда на македонскиот филм, која му беше доделена на ИФФК “Браќа Манаки“, ова е второ големо признание  за Константинов од Македонија, по бројните награди кои ги освои на големите театарски и филмски фестивали во поранешна Југославија :“Златна арена“, на филмскиот фестивал во Пула за музиката во филмот “Среќна нова 49“, “Златни ловорови венци, на театарскиот фестивал МЕСС во Сараево, за музиката во претставите “Електра“ и “Шехерезада “, во режија на Томаж Пандур, за која ја доби и награда на критиката на меѓународниот фестивал во Мексико .
Љупчо Константинов е автор на музиката за филмвите „Црвениот коњ“, „Јужна патека“ ,„ Хај фај“, “Тетовирање“,“Македонска сага“,“Преку езерото“ и др.Соработувал со познати имиња од светот на филмот како што се Пенелопе Круз, Роберто Чули, Бранко Гапо, Димитрија Османли, Столе Попов, Антонио Митриќески. Неговите музички квалитети ги откри и познатиот театарски режисер Паоло Маџели, кој го ангажира како постојан соработник на сите негови претстави “Црна дупка“, “Вујко Вања“,“Тетовирани души“,“Метастабилни грал“, “Добариот човек од Сечуан“,“Буздо“ и други кои Константинов ги компонирал за отварање на Сплитско лето и Дубровнички летни игри и за театрите во Загреб и Европа. Напишал музика за 60-тина театарски претстави , 30-тина играни филмови , за телевизиски драми и документарни емисии.
Љупчо Константинов е роден на 11 декември 1946 во Охрид. Дипломирал на Музичка академија во Белград. Според критичарите “тој со своето долгогодишно искуство и фанатична посветеност во потрага по креативното, убавото, по оние тајновити музички тонови и варијации што ја хранат и возвишуваат човековата природа ,се вбројува во онаа плејада на врвни наши оргинални, автентични творци, кои се достојни за почит.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе