Вести Култура

Комеморација за Марин Бабиќ: Животот му беше театар, а театарот живот

Аплауз за Марин Бабиќ од колегите и пријателите на комеморацијата  во неговиот матичен, Драмски театар ,по повод неговата смрт. За него животот беше театар, а театарот живот. Беше добродушен, а најголем непријател си беше самиот на себе, рече неговата ќерка Маја Бабиќ.

Тоа беше Марин. Животот му беше театар, а театарот живот, во буквална смисла на зборот. Тој беше добар татко и добар човек. Добродушен, со многу верба во луѓето. Имаше само еден смртен непријател и тој се викаше Марин Бабиќ. Постојано беа во кавга, душата си ја вадеа. И не сум сигурна дали на крај ги закопаа воените секири, изјави маја бабиќ.

На театарската сцена за прв пат застанал на 8 години  во Прилеп и разбирајќи што сака да биде во животот, запишал „ Или глумец или магаре“. Покрај многуте успешно одиграни улоги во театар, на филм и телевизија, ќе остане запаметен како репер за квалитетна радиска програма, стои во телеграмата со изрази на сочувство, која по повод смртта на Марин Бабиќ, ја упатил претседателот Пендаровски, а ја прочита актерката Маја Вељковиќ –Пановска.

Во културната колективна меморија засекогаш ќе остане неговиот лик на Јашар бег од театарската претстава „ Солунски патрдии“, но и по репликата која стана урбана фраза на многу луѓе „ ово нема ни у Београду“, од претставата „ Викенд на мртовци“. Повозрасните генерации сеуште со носталгија се сеќаваат на неговата култна Ноќна програма на радио Скопје, кога со неговиот извонреден глас влегуваше во домовите на слушателите. Марин Бабиќ ќе остане запаметен и како идеен творец на култната манифестација „ Глумците пеат“, по поетскиот серијал „ Бебули“ и неговите маестрални интерпретации на современата поезија, рече актерката Маја Вељковиќ –Пановска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе