Култура

Возможно ли е помирување после војна, прашува македонскиот кандидат за Оскар, чија домашна премиера е вечерва

Тешкотиите што ги носи потребата од помирување, после војна, е главната тема во филмот „ Најсреќниот човек на светот“,  на режисерката Теона Стругар Митевска, кој е македонски кандидат за наградите Оскар, следната година, во категоријата странски филм. Ова остварување вечерва ќе ја има домашната премиера во киното Милениум, по светската на почетокот на септември на фестивалот во Венеција, по што беше прикажан и на филмскиот фестивал во Торонто.

  • „Најсреќниот човек на светот“ е филм за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да може да се продолжи со животот во мир, после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризиран со снајперски истрели, со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, четириесет годишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов, се вели во најавата од Друштвото на филмски работници. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Од македонска страна зад него застана  продукцијата „ Сестри и брат Митевски“. Во главните улоги настапуваат Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ,  а во споредни улоги Лабина Митевска ( која работеше и како продуцент на филмот), Ана Костовска, Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Македонија, како и Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ.

На сценариото работеа Теона Стругар Митевска и Елма Татарагиќ, директор на фотографија е Белгијанката Вирџини Сент Мартен, сценограф е Вук Митевски, костимите се на Моника Лорбер од Словенија, а шминката е на Мојца Горогранц Петрушевска. Монтажер на филмот е Пер Киркегард од Данска, дизајнер на звукот Ингрид Симон од Белгија. Кастингот е на Киријана Николовска, прв асистент на режија Раша Петровиќ, директор на филм Елена Станишева.

По вечерашната домашна премиера, филмот „ Најсреќниот човек на светот“, две седмици ќе се прикажува на репертоарот на киното Милениум. А, во ноември тој ќе биде прикажан на филмските фестивали во Грција, Словенија, Франција, Србија и Индија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе