Култура

Во МСУ промоција на публикација за фестивалот АКТО

Во Музејот на современа уметност , во сабота на пладне ќе се одржи промоција на публикацијата   посветена на фестивалот АКТО, кој ја афирмира независната култура. Публикацијата носи наслов  „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“. Промотори ќе бидат Елизабета Шелева, Владимир Јанчевски и Биљана Тануровска – Ќулавковски.

  • Публикацијата „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“ не е конечната архива за АКТО. Не е конечен поглед на АКТО. Оваа публикација е една архива што очигледно недостига на сцената, не само на фестивалот туку и на сите општествено-политички случувања во изминатиов период. Таа е еден поглед, особено детален и сериозен, но и еден дискурзивен поглед што треба да отвори ново поле за различни дискусии. Оваа публикација е визуелен, личен и политички есеј за тоа што е АКТО, како и за условите во кои е создаван АКТО. Како некој документ/ артефакт што треба да потсетува на значењето на архивирањето, што ќе го закопаме во дворот на Офицерскиот дом и по некое време ќе го најде некој што ќе ископува кога повторно ќе се реновира овој објект. Имаме впечаток дека темите што ги отвори АКТО изминативе 15 години можат да се обработуваат уште една декада одново. Од друга страна, кризата со корона-пандемијата ни отвори можност да се занимаваме само со архивирање, нешто за кое никогаш немавме ниту средства, ниту, пак, време, се вели во дописот за промоцијата на публикацијата.

Публикацијата ја објави Факултетот за работи што не се учат-ФРУ. А, во склоп на промоцијата ќе може да се проследи визуелната и аудио инсталација „ Хусински рудар (моето минато е ваша иднина)“, од уметникот Бранко Шимиќ. Настанот ќе продолжи вечерта во Макка бар со настапи во живо на Марија Каева, Димитра и Мирко Попов Quartet.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе