Вести Култура

Министерството за култура до ДЛУМ: Немаме надлежност да финансираме вработувања на здруженија

Соработката со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) продолжува во насока на изнаоѓање на најсоодветно решение за проблемот со недостиг на простор и вработување на едно лице, притоа имајќи предвид дека ДЛУМ е здружение, а Министерството за култура нема надлежност да финансира вработувања на здруженија. Вака надлежното министерство им одговори на членовите на ДЛУМ кои 75 години се без галериски простор.

„Знаеме дека Министерството за култура не е Агенција за вработување, сепак припаѓаме на културната сцена. Може со буџетските средства кои ги има како институција да помогне“, вели Јана Манева-Чупоска, претседателка на ДЛУМ.

Не очекуваме министерството да вработува, секако дека не може ниту законски. Меѓутоа тие можат да финансираат вработување. Значи може да дадат буџетски средства, согласно законската постапка која значи одобрување од Министерство за економија и цел тој пристапЕве на пример, Здружението на ликовни педагози, бидејќи педагози има вработено од Министерство за образование. Ако е таква логиката дали Министерството за образование врши вработувања.

Меѓу барањата на ДЛУМ беа и достоинствени услови за уметниците и поништување на финансискиот долг кон ГТЦ.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе