Вести Култура

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ на Меѓународен фестивал во Каиро

Првиот долгометражен филм „Преекспонирано“ на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова ќе ја има светската премиера во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро. Станува збор за психолошка драма, за тинејџерка која ги истражува темите на осаменост, оттуѓеност и лицемерие, нарушувајќи ја рамнотежата на една брачна двојка, откако ќе дојде кај нив на гости и ќе ги натера да го преиспитаат својот брачен живот.

Главните улоги го толкуваат Сара Климоска, Благој Веселинов, Камка Тоциновски, „Преекспонирано“ е копродукциски проект кој, освен од Агенцијата за филм, доби поддршка и од Филмскиот центар на Србија и СЕЕ Синема Нетворк, а има поддршката од Еуримаж во делот на развој на копродукции.

„Преекспонирано“ е проект на кој работам веќе десет години, од тогаш датира првата верзија на сценариото, кое што е напишано со грант од Агенција за филм, грант за развој на сценарио. Минав многу години, многу верзии на сценариото за да дојдеме до верзија која на крај ја снимивме. Бевме први кои снимаа во пандемијата во едни вонредни услови, но на крај сум презадоволна од она што го имаме“, вели режисерката Елеонора Венинова.

„За мене овој филм има нешто различно кое не сум го видел во друг македонски филм. Тоа е внатрешната емотивна борба со која се соочуваат актерите во овој наш филм“, изјави актерот Благој Веселинов.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе