Вести Култура Македонија

Законот за употреба на македонскиот јазик повторно на разгледување на седниците на Советот за македонски јазик

По бурните реакции на македонистите каде исчезна Законот за употреба на македонскиот јазик, тој повторно влегува во фаза на разгледување на седниците  на Советот за македонски јазик. Според првиот човек на овој совет, професорот Људмил Спасов, неговото пролонгирање се должи на многубројни противења во јавноста, но, сепак, е оптимист дека за кус период Законот ќе биде доставен до Министерството за култура, кое е воедно и негов предлагач.

Главните забелешки беа нема да верувате околу една работа ние сакавме да го вградиме во новите измени и дополнувања прашањето за лекторатите по македонски јазик на странските универзитети, меѓутоа наидовме на големо противење токму од нашава средина и, за жал, тоа сега нема да биде вградено ќе го ставиме во мирување. Меѓутоа ќе дојде време кога тоа ќе мора да се решава на државно рамниште, затоа што секоја држава се грижи за пласманот на својот јазик на странските универзитети и тоа мора да се решава на таков начин.

„Веднаш по доставувањето на предлог-текстот на законот за употреба на македонскиот јазик до Министерството за култура, ќе се продолжи  со постапката и предлог-законот ќе биде достапен на увид до пошироката јавност, пред донесување на неговата финална верзија“, стои во дописот на надлежното министерство.

Во меѓувреме, по 24 години, дури сега на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ се вработуваат нови 17 млади луѓе, научници магистри и доктори на науки по македонистика.

Просекот на новите млади колеги на додипломските студии е над девет, а на постдипломците 9,70. Иднината на Институтот за македонски јазик ќе ја оставиме во нивни раце. 

Предлог-законот за македонски јазик кој стигна до јавна расправа беше подготвен во 2019 , но не влезе во собраниска процедура поради распуштањето на Собранието, по што следеа вонредните состојби. Во него е предвидено стипендирање на студенти по македонистика во сите три циклуси, како и вработувања и ангажирања на лектори, во сите државни и јавни установи.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе