Вести Култура Македонија

„ Рута група Триглав“ е размена на креативни и добри енергии

Размена на креативни и добри енергии меѓу уметниците, наспроти негативните што ги разменуваат политичарите. Вака режисерката Ленка Удовички го опиша фестивалот на регионалната унија театри „ Рута група Триглав“, на кој од вечерва е домаќин  нашиот Драмски театар. Фестивалот се одржува по 10 пат, а ќе започне со копродукцискиот проект  „ Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, на „ Улисис“ и Београдско драмско позориште, работен по текстот на американскиот автор Едвард Олби.

Тоа е нешто природно кон што тежат сите уметници , за таа некаква размена. Мислам дека тоа е и смислата на уметноста , да ги спојува луѓето , да се разменуваат креативни, добри енергии, наспроти сето она негативно што политиката го разменува. Се надеваме дека тоа ќе го има уште повеќе.- изјави Ленка Удовички- режисерка на претставата.

Претставата „ Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ , Удовички ја режирала на барање на нејзиниот сопруг, славниот актер Раде Шербеџија, кој вечерва ќе настапи на сцената на Драмски, во ликот на Џорџ, по скоро 5 децении откако гостувал овдека со театарот „ Гавела“. Шербеџија не крие дека претставата е направена за да му биде партнерка особената актерка Катарина Бистровиќ-Дарваш, во ликот на сопругата Марта.

Сакав со неа да направам вистинска интеракција зашто тоа за мене е најубавото во театарот. Интеракцијата со партнерот или партнерката. Тука се случуваат чуда , тоа е убавината на нашата професија. И тогаш се сетив на „ …Вирџинија…“ А, Ленка ми рече не доаѓа предвид. Каква „ …Вирџинија…“, дали си нормален?-изјави Раде Шербеџија- актер.

Претставата зборува за средовечен брачен пар кој под алкохол разменува меѓусебни обвинувања. Ситуацијата ескалира до злоставување во кое е вовлечен  младиот брачен пар, Ник и Хани, кои се поканети на гости. Во ликот на Ник , за прв пат на „ Рута“, настапува младата регионална ѕвезда Милан Мариќ, кој сподели прашања поврзани со улогата.

Што се меѓусебните односи, што е љубовта, што е всушност таа поврзаност. Што е тоа што го нарекуваме фасада во односот, а што е суштината. Олби тоа го пишува на феноменален начин.- изјави Милан Мариќ- актер.

Фестивалот „ Рута“ ќе трае до 19 октомври, а ќе прикаже уште 5 хит претстави од регионот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Дејан Дејан

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот

Дејан Дејан

Напаѓачи заедно со полицаец грабнале, тепале и уценувале скопјанец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе