Вести Култура

Доделување на наградите „11 октомври“

Во време на економска криза и мерки за штедење не треба да се заборави на улогата на науката и уметноста и тие треба да ја добијат заслужената поддршка, со овие зборови Џевдет Хајредини, претседател на одборот за државната награда „11 Октомври“  упати апел до надлежните институции за улогата на нашите творци, уметници и научници  кои со своето научно и уметничко творештво се дел од тековите на европската, и воопшто светската наука и култура.

Тие трагале, давале и натаму ќе даваат попродлабочени одговори за актуелната стварност, отворените научни прашања и дилеми во нашето општество. Сакам да ја искористам оваа прилика за да апелирам досегашната и идните влади премиерите и министрите за финансии да не штедат кога станува збор за средствата од буџетот наменети за финансирање на науката, културата и уметноста, затоа што штедењето е во форма сега, порача Хајредини.  

Сите ние тука сме проживеале повеќе човечки животи градејќи и создавајќи вредности, најпрво како индивидуален порив, а потоа и како придонес во општеството, забележа Мице Јанкуловски кој се заблагодари во име на годинашните добитници.

Човекот е социјално суштество и не може тој да гради вредни и индивидуални потфати, а сето тоа да не биде колективно добро. Има разлика само ако општеството во кое живее творецот не успева да ги препознае, а со тоа и соодветно вреднува неговите постигнувања, рече јанкуловски.

Наградата за животно дело во областа на науката му се доделува постхумно  на проф.д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар, додека за животно дело во областа на културата и уметноста годинашни добитници се поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и сликарот Мицко Јанкуловски.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Дејан Дејан

Давкова од Чакали: Она што за нас Македонците е познато како Ѓурѓовден, турската заедница го препознава како Хидрелез

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе