Вести Култура Македонија

Фестивалот „Киненова“ започнува со филмот „Чичко“, награден во Карлови Вари и во Пула

По освоените награди на фестивалите во Карлови Вари и Пула, хрватско-српската копродукција „Чичко“ утревечер во киното „Милениум“ ќе го означи стартот на 7-то издание на фестивалот на дебитантски филм „ Киненова“. Се работи за трилер кој ги демистифицира односите во едно семејство кај кое за Божик од Германија доаѓа чичкото, што го толкува живата актерска легенда Мики Манојловиќ. Покрај него, улогата на таткото во семејството ја толкува новата регионална ѕвезда, Горан Богдан.Како што кажа тој, бил инспириран од сценариото.

Не му се наметнувам јас на сценариото, туку сценариото си го наметнувам себе си. И тогаш гледам математички каков човек тој може да биде, за сето тоа не само да функционира, туку да биде подобро, да биде посочно. И потоа тие малечки нијанси на откажување, апатија, немање надеж и неделување ги анализирам и ги развивам понатаму.

Сценариото и режијата за филмот „ Чичко“ ги потпишува двоецот Андрија Мардешиќ и Давид Капац, кои со Богдан соработуваат уште од студентските денови. А, филмот го подготвувале 7 години.

Ние тргнавме од некои наши лични односи во семејствата и од некои наши сеќавања од детството. И се разбира како што Гого (Горан Богдан) рече, за да психотерапевтски решаваме некои наши нема да кажам трауми, но сепак се трауми од детството, од растењето и односите со родителите.

Фестивалот годинава има скромен буџет од нешто над 8.000 евра и ќе трае до 14 октомври. За наградата „Златна грива“ ќе се борат вкупно осум филмови во натпреварувачката програма. Ќе бидат прикажани и остварувања од истакнатиот австриски режисер Михаел Ханеке.

Трета година по ред е програмски, без разлика на буџетот, е програмски најголем фестивал. Фестивал со најбогата програма.

ТВ Телма е медиумски покровител на „ Киненова“. Па, филмови од годинашното фестивалско издание ќе се прикажуваат на нашата програма.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе