Култура

Потпишан протокол за соработка меѓу националните театри од „ Отворен Балкан“

Претставници на националните театри од Србија, Северна Македонија и Албанија, во Владата на Србија потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, јавија белградските медиуми. Договорот, што беше инициран на неодамнешниот форум „Отворен Балкан“ во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград Светислав Буле Гончиќ, директорот на Националната опера и балет од Скопје Васо Ристов и Абигејл Воштина од Народен театар за опера и балет од Тирана, а потоа ќе го потпише претставникот на Македонскиот народен театар Симона Угриновска.
– Во Охрид ја претставивме идејата за можност за заедничка соработка на културно ниво, на ниво на размена меѓу Тирана, Скопје и Белград и дојдовме до идеја за формирање „Отворен балкански театарски фестивал. Тоа всушност ќе вклучи размена на искуства, педагози, уметници и изведби, рече Гончиќ по потпишувањето.Документот беше потпишан по разговорите во Белград каде претставниците на националните куќи „се договорија, се согласија и го зацртаа основниот пат на еден ваков фестивал“, рече Гончиќ.
Фестивалот се роди со идејата дека треба да се отвори вратата кон иднината, особено за младите и да започне нов концепт и свет.
– Поминавме многу време во разговари на таа тема, и официјалното потпишување на договорот формално означува нов почеток, рече Гончиќ.
Тој изрази надеж дека фестивалот ќе има позитивно влијание и врз публиката и врз самите творци.  Тој додаде дека во следните неколку месеци ќе се направат подготовки за практично да се спроведе договорот .
Внеси

You sent

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНТ со праизведба на „Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе