Култура

Отворени 25 „ Денови на комедија “ во Куманово

Со доделување на наградата „ Васил Иљоски“, на актерот Благој Чоревски и со изведба на претставата „ Приватни животи , на Градскиот театар од Винковци- Хрватска, синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во Куманово, започна 25 издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

  • Благодарност до фестивалот, стручната комисија што ми го врачуваат ова признание кое што е едно од најголемите, без разлика на сите мои други награди, затоа што ова е признание за нешто што јас навистина сум гo правел во животот и мојата професија. И секако вие сте тие што мене ме одржувате во живот и на сцена и воопшто. Вие, драга публико, вие сте мојот пат, мојата подршка, мојата магија, без вас јас не би постоел. Ви благодарам многу“, рече во обраќањето пред присутните актерот Благој Чоревски.

Веќе се распродадени најголем дел од влезниците за останатите 11 вечери, колку што ќе трае фестивалот, рече директорот на ЦК и Театар- Куманово, Сашо Тодоровски.

  • Ние сме изненадени со продажбата на билети позитивно. Останаа уште билети за нашите претстави од Македонија. Се продаваат, така што сме сигурни дека во текот на фестивалот ќе се продадат и сите останати, кажа Тодоровски.

На отворањето присуствуваа министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски. Тој упати апел за следната година ресорното министерство да издвои повеќе средства за културните манифестации во градот.

  • Најголеми честитки до кумановци кои имаат голем интерес за театар и тоа кажува многу за нашите граѓани и нашиот град, во делот на културата. Општина Куманово како и до сега ќе продолжи да ги поддржува финансиски сите културни манифестации во градот, а секако и оние традиционалните со ваква долгогодишна традиција, рече Димитриевски.

А, министерката за култура потенцира дека Куманово е град и на шеги и на комедии.

  • Комедиите не се само забава, тие често не опоменуваат и ни даваат друг поглед на стварноста. Комедиите се пишувале и во најстрашните времиња за човештвото, затоа смеата е таа која го оддржува здравиот дух и ни овозможува од поинаква страна да им пријдеме на секојдневните предизвици“, истакна министерката во поздравниот говор, рече министерката за култура Костадиновска- Стојчевска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе