Вести Македонија Топ вести

Данела избра – борци за заштита на животните, партиски кадар на ГРОМ, и син на поранешен Реис ги пополнуваат испразнетите директорски места

Мноштво млади економисти, кадар на ГРОМ и кадар на ДУИ од крилото кое бара промени во партијата на Али Ахмети. Само една жена, борец заштита на животните. Радмила Пешева активистка на „Анима Мунди“ ќе го предводи јавното претпријатие Ј.П. „Лајка“.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска одбра 5 нови директори откако кадрите на ВМРО-ПМНЕ си дадоа оставка или ги разреши, а потоа ја раскина и политичката врска со опозициската партија.

Во фотељата на градски паркинзи – Скопје , отстапи Бојан Христовски, а седнува Крсте Петревски. Дипломиран економист од приватниот сектор. Доаѓа од редовите на партијата на Стевчо Јакимовски, а во ГРОМ ја извршува функцијата генерален секретар. Доаѓа од приватниот сектор. Поранешен косопственик на трговска компанија и директор, а сега дава совети за мали бизниси на европската банка за обнова и развој.

Јане Мицевски од кај Арсовска се врати во ВМРО –ДПМНЕ, а ЈП „Дрисла“ќе ја води Александар Кузинаков. Дипломиран економист и досегашен извршен директор на Скопско финансиско друштво.

„Огненета група“ на ДУИ која побара промени во партијата на Али Ахмети добива двајца директори. Ј.П. „Улици и патишта“ ќе го предводи Саид Саид претходно вработен во Паркови и зеленило. За зеленилото и одржувањето на парковите, пак, Арсовска го одбра Реџепи Зухејр. Саид е непознат за јавноста, но затоа Реџепи Зухејр е син на поранешниот поглавар на исламската верска заедница Сулејман Реџепи, но неговото име се поврзуваше со видеото во кое се гледа како пука со огнено оружје. Оваа гарнитура директори добива рок од 6 месеци да испорача резултати, порачуваат од Град Скопје.

Новите в.д директори ќе имаат обврска и одговорност во следните 6 месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија во периодот кој следи од аспект на справување со економската и енергетската криза. Обврските се во насока на оптимизација на средствата и процесите, намалување на трошоците и кратење на сите непродуктивни трошења, како и спроведување на реформата во сегментот на вработувања во претпријатијата со која нема да се дозволи лица кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски да бидат платени од буџетските средства, стои во соопштението на Град Скопје

Во ЈП Комунална Хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП Водовод Марјан Митевски.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе