Култура

Ахмети, Османли, Јанкуловски и Чепреганов добитници на наградата „ 11 Октомври“

Добитници на државнaта награда „11 Октомври“, годинава се поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и ликовниот уметник  Мицко Јанкуловски. Тие ќе ги добијат како признанија за животно дело во областа на културата и уметноста. Постхумно, награда „ 11 Октомври“, ќе биде врачена и на семејството на невропсихијатарот проф. д-р Методи Чепреганов, за неговиот придонес во областа на науката. Зад овие одлуки стои Одборот за доделување на државата награда „ 11 Октомври“, а одлуките ги соопшти Министерството за култура.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври, во 12 :00 часот во Собранието на Македонија.

 

Претседател на Одборот за државната награда „11 Октомври“ е Џевдет Хајредини

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе