Култура

Премиера на „ My name is Medeja “ во НТ- Битола

Ансамблот на Народниот театар од Битола утре вечер ќе ја изведе премиерата на претставата „ My name is Medeja “. Режијата ја потпишува Словенецот, Себастијан Хорват , кој важи за исклучително активен и наградуван автор. Претставата е работена во драматизација на Милан Рамшак Марковиќ од Србија.

  • My name is Medeja“, e претстава за женската моќ. Главната хероина, економска мигрантка од Балканот која заминала во Швајцарија, е вклештена помеѓу немилосрдната и безлична бирократија, од една страна, и расипаноста на поранешниот маж, од друга. Медеја се бори, но секој чекор што ќе го направи како да ја турка сѐ подлабоко кон дното и соочувањето со поразот. Во моментот на целосна немоќ, таа сепак пронаоѓа надеж, но надвор од координатите во кои се движела дотогаш (митска омнипотенција/тотална немоќ) – откривајќи дека вистинската сила секогаш се наоѓа во односот со другите. Твојата болка не е само твоја, исто како што и твојата борба не е само твоја, вели драматургот Рамшак Марковиќ.

Во претставата настапуваат : Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска – Дранговска,  Викторија Степановска – Јанкуловска, Јулијана Мирчевска – Мавровска, Иван Јерчиќ , Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска – Илиевска, Анастазија Христовска,  Никола Стефанов и Кристијан Танчевски.

Музика за претставата компонираше Драго Ивануша,  сценограф е  Валентин Светозарев, костимографијата ја потпишува Андреј Ѓоргиевски, а светло – мајстор е Игор Мицевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Петар Андоновски: Книгите нема да го променат светот, но можат да го направат, подобро и поубаво место за живеење

Дејан Дејан

СКРМ: Како министерката ветуваше повисоки плати, без договор со Финансии ?

Дејан Дејан

Ниту плати, ниту зголемување за 12% во културата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе