Вести Македонија

Ќе има ли субвенциониран студентски оброк во академската година?

Ќе продолжи ли субвенционираниот студентски оброк?

Ова прашање го поставуваат студентите една седмица пред почетокот на новата академска година.

Неизвесноста во која се наоѓаат околу дополнувањето на нивниот буџет натера неколку од нив да ја контактираат Телма, објаснувајќи дека Министерството за образование и наука во август не спровело јавен повик за пријавување за студентски оброк, што не беше случај минатата година кога за прв пат го воведе државата.

Од пратеничката група на ЛДП, кои беа предлагачи на Законот за субвенциониран студентски оброк, по примерот на Словенија, признаваат дека се доцни со повикот, но објаснуваат дека тоа е со цел да се најде негова системска имплементација и дека средствата ќе бидат исплатени.

За таа цел, денеска од партијата разговарале со министерот за образование Шаќири.

„Првичното законско решение треба да се врати на сила од оваа академска година. И тоа предвидува дневна субвенција која што го обврзува студентот субвенцијата да ја троши за оброк.На начин што би имало јавен повик на кој ќе се пријават и регистрираат даватели на услуги за оброк. И студентот точно ќе знае во кој ресторан  или угостителски објект му следува студентско мени. И може да ја користи субвенцијата за студентски оброк“ – вели потпретседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Поради пандемијата во Законот за субвенциониран студентски оброк постоеше одредба студентите да добиваат 2400 денари месечно на име студентски оброк. Но, немаше систем за контрола, дали за тоа се користат средствата, а имаше спротивни искуства во пракса.

Сега ќе треба да се изгласаат првичните системски одредби.

„Ќе треба да има одредени измени за да се вратат, бидејќи тоа беше преодна одредба. И јас се надевам дека кога станува збор за студентите дека нема да има блокада на Законското решение. Дека истото ќе се направи многу брзо зашто веќе академската година ќе стартува. И не можеме да ги оставиме студентите да не може да ги искористат своите права што им следуваат согласно законот“ – вели Зајкова.

Иако постоеше тенденција , за сега нема најави за зголемување на сумата за субвенциониран студентски оброк.

Тој се исплаќаше од 15 септември до 30 јуни. Субвенцијата ја користеа редовни студенти на додипломски студии на државните и правитните универзитети.

А, за оваа намена беа издвоени околу 15 милиони евра.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Влегуваме во втората половина од мандатот, мора да бидеме подготвени на сите сценарија за избори – рече Мицкоски

Дејан Дејан

Ги нема нашите забелешки во предлог законот за судска служба, реагира Независниот синдикат на судската администрација

meteo

Судење „Пулс“: Се презентираат докази поврзани со агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе