Вести Култура Македонија

Истакнати уметници со отворено писмо до Владата да започне со реализација на „Стоунбриџ Студиос“  

Најавата за основање на филмски и музички студија во Скопје т.н „Стоунбриџ Студиос“, кои би ги предводеле врвните холивудски ѕвезди Џон Малкович, Мат Дилон и Д.В.Мофет ги обедини 27 истакнати македонски, српски и балкански професори, театарски, филмски и музички уметници, да упатат отворено писмо до македонската Влада да започне со реализација на проектот „Скопје технолошки парк“ и преку него, реализација на филмскиот град.

Меѓу потпишаните се и Драган Бјелогрлиќ, Мики Манојловиќ и Срџан Драгоевиќ.

Свесни дека од осамостојувањето до денес, оваа иницијатива претставува еден од највозбудливите и најперспективните предизвици за севкупен економски, културен и технолошки исчекор на македонското општество, сакаме да ја охрабриме Владата за брзо и неодложно остварување на проектот СТП. Ги ставаме во функција сите наши академски и професионални капацитети одлуката која ќе ја донесе за доделување на статус на стратешка инвестиција на СТП, да помогнеме да ја спроведеме во дело“ – стои во отвореното писмо до македонската Влада .

„Мислам дека конечно е време да ни се случи и нешто убаво. Фактот дека тој проект ќе се реализира во Македонија и ќе биде поддржан од големи холивудски, светски ѕвезди значи буквално поместување од мртвата точка. Од друга страна, целиот квалитет што го носиме ние и како народ и како приказни што ги носиме во себе најверојатно ќе имаат шанса да се постават на филмското платно“ – вели Тони Михајловски.  

За важноста на овој проект уште кога беше најавен апелираа и Џон Малкович  и Мат Дилон.

За Иван Видаковиќ, кој е основач на  „Скопје технолошки парк Капитал партнерс“ ваквото пролонгирање на постапката е несфатливо доколку се има предвид дека тие аплицирале на 27 јануари и колку што е тој запознаен процедурата би требало да трае 30 дена, во најлош случај не повеќе од два месеца, за потоа да се направи договор со Владата, да се донесе закон кој потоа треба да биде изгласан во Собрание, вели тој во телефонски разговор за Телма.

„Во моментов проектот е во Министерството за транспорт и врски и имавме состанок со господинот Бочварски. Ми ветија дека тој прв чекор на преглед на документацијата која ја доставивме со понудата и бизнис планот ќе биде завршен. Се уште ја чекам повратната информација, а тоа требаше да биде уште минатата недела. И да оди на комитетот на министри кои би требало да ја донесат одлуката врзана за проектот и неговиот статус“ – вели Иван Видаковиќ од „СТП Капитал Партнерс.

Во наредниот период ќе се одржи состанок на Комисијата за стратешки инвестициски проекти, на кој ќе се разгледуваат повеќе проекти, вклучително и овој, велат од Владата.

Скопје технолошки парк“ е проект кој во моментов е во процедура за утврдување на статус на стратешки инвестициони проект за кои течат роковите за постапување согласно Законот. Процедурата и условите за добивање статус на стратешка инвестиција е иста за сите добиени барања за стратешки инвестиции. – тврдат од владата.

Видаковиќ вели дека со овој проект Владата не ризикува ништо, но може многу да добие доколку се има предвид дека со добивањето статус на стратешка инвестиција„Стоунбриџ студиос “ ќе ја вброи Македонија на мапата на светската филмска индустрија.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе