Вести Култура

Синедејс синема форум

Дотрајана и амортизирана киноопрема е првиот проблем со кој со години наназад се соочуваат организаторите на филмските фестивали кај нас.  И кога се размислува како да се врати публиката во киносалите треба да бидеме свесни дека самото конципирање на репертоарот е важен сегмент, меѓутоа функционалноста на киносалите е подеднакво важна, вели Арсова.

Проблемот е дека нема доволно кина, дури и кината кои државата ги финансира се со дотрајана опрема, како киното „Милениум“, така и киното Фросина“. Државата мора сериозно да вложи средства и механизми како да ни помогне нам институциите да си ја одржиме публиката на нивото на кое што треба и да ја вратиме повторно во салите, вели програмскиот уредник на феситавалот Маргарита Арсова.

Состојбата со пандемијата во изминативе две години, растот на стриминг платформите и современиот начин на живот се предизвик и за киноприкажувачите во регионот, на кој начин да ја вратат публиката и да бидат подеднакво интересни за новите генерации.

Во рамките на првото издание на Синедејс синема форум во соработка со Форумот за разумни политики киноприкажувачите од Балканскиот регион  имаа можност да ги споделат своите методи и искуства на работа, како и да се запознаат со новите трендови во индустријата.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе