Вести Култура Македонија

Со ребалансот на буџетот од програматите за работа во културата ќе се кратат 1 милион и 200 илјади евра

Програматите за работа во културата со ребалансот на буџетот ќе останат пократки за 1 милион и 200 илјади евра. Тоа е нешто над 30% од вкупниот буџет за програмски активности за годинава, кој изнесува 4 милиони евра, кажа министерката за култура Костадиновска- Стојчевска.

Критериумите за кратење се еднакви за сите кои добиле средства за проекти. Нема да има привилегирани или оштетени корисници на буџетските средства и никој нема да биде оставен со реализирани проекти, а да не биде исплатен.

„Нема никој да има предност, нема никој да нема предност. Нема некој да е заборавен. Многу сме свесни дека се наоѓаме на средина на годината кога веќе има некои реализирани проекти. Сето тоа ќе биде земено предвид. Никој нема да биде оставен оштетен. Никој нема да биде оставен со проекти кои се реализирани, а не се исплатени бидејќи тоа финансирање се однесува на целата година“ – вели министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Поради кратењата , долговите на Министерството за култура кон корисниците на средства за проекти што се реализираат сега или ќе се реалираат во втората половина од годината би можеле да се репрограмираат, смета министерката. Според неа , корисниците веќе се известени за кратењата или сега се информираат.

А, намалувањето на средствата за работа е одобрено од синдикатите уште во март. Целта е, поради економската, енергетската и незавршената здравствена криза да не се кратат платите , зголемени согласно порастот на минималната.

„Заради одржливост на платите и на културата моравме да најдеме начин од каде ќе се кратат средствата. На еден состанок кој што се случи, ако не се лажам во текот на месец март, беше предочено од каде би можеле да кратиме. Тогаш сватив дека ние навистина имаме културни работници за почит кои рекоа дека културата ќе опстои и со намалени средства“ – додава Костадиновска-Стојчевска.

Покрај намалувањето на 31% од парите за проекти, со ребалансот на буџетот е превидено кратење и на непродуктивните трошоци и на буџетот на ресорното министерство, кој изнесува 3 милиони и 200 илјади евра.

Единствено што нема да се допира се парите предвидени за капитални инвестиции, чиј износ е 8 милиони и 715 илјади евра.

Ребалансот на буџетот е во собраниска процедура, а во понеделник ќе биде на пленарна седница.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе