Култура Магазин

Како Џејмс Кан ги надгради Сони Корлеоне и Џонатан Е.- уште една филмска легенда се одјави

Роден во Бронкс во Њујорк на почетокот на Втората Светска Војна, почина во модерниот Лос Анѓелес каде помина многу од вториот дел на кариерата.

Џејмс Кан во своите 82 години одглуми многу, остана запаметен како постојано активен ан афилмското платно и во телевизиските серии, познат по многубројните врски со понежниот пол, и по заканувачкиот поглед кој му беше фаворит кога режисерите бираа кој ќе биде опасниот гангстер во филмот.

Сантино „Сони“ Корлеоне, беше витален дел од сагата за измислената мафијашка фамилија од Њујорк, правена по книгите на Марио Пузо. Кан стана синоним на овој лик, предодреден нов бос, кому брзиот живот му пресуди и го исфрли од филмот Кум на Френсис Форд Копола.

Во сцените на почетокот на со Оскар овенчаниот „Кум“, Кан успева да го надгради и обои суровиот насилен лик на Сони.

Сантино се обидува да ја заштити фамилијата, мислејќи дека во лимузините се новинари, а всушност открива дека се агенти на ФБИ. Му ја крши камерата на еден од нив. Кан всушност импровизира и сам си го додава насилството односно уништувањето на камерата.

Актерот кој ја држи камерата е преплашен од Џејмс Кан, а главниот сценограф е бесен затоа што Сони (Кан) всушност уништува ретка камера произведена во 40-тите години на 20-тиот век.

На крај на сцената, Кан продолжува и фрла пари кон колегата актер кој е во улога на ФБИ агент. После снимањето вели, во Бронкс ме научија, тоа што ќе уништиш ќе си го платиш.

За филмот „Кум“, Кан заедно со младата надеж (Ал Пачино) и Роберт Дувал освојуваат тројна номинација за Оскар за најдобра споредна улога, но никој не ја добива. Три години подоцна, Кан повторно со култна улога во ера на големите Роберт Редфорд, Пол Њумен, Стив Мекквин.

Во научно-фантастичниот Ролербол, Кан го глуми Џонатан Е., спортист кој се натпреварува во суровата дистописка дисциплина Ролербол (името на филмот од 1975-та година).

Кога паѓаат приходите од спортот, тоталитарната корпорација (држава) ги менува правилата и наместо бруталност бара смрт на играчите. Еден од бунтовниците е и Џонатан, ѕвездата и ликот на спортот којшто станува и симбол на бунтот. На крајот е единствениот преживеан во играта и како играч на Хјустон го врти победничкиот круг низ арената на своите ролшуи додека се буди бунтот кај гледачите и се раѓа стравот на корпорацијата (моќниците).

Од трибините се ори „Џонатан“, „Џонатан“ и постојано се засилува звукот на името на херојот.

Последниот филм на Џејмс Кан е Матица, каде глуми пензионер кој на 80-годишна возраст успева да го освои срцето на новата симпатија, негова врсничка. Нешто што често му успеваше во животот кој за 82 години остави многу спомени на филмското платно од златната ера.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Мерка за заштита на градот – туристите од денеска ќе плаќаат пет евра за влез во Венеција

Дејан Дејан

(Видео) Крвави коњи на британската кралска гарда приредија хаос во Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе