Вести Култура

МВР продолжува со истрагата за украдените слики на Павле Кузмановски од „Матица Ексклузив“

Продолжува истрагата по 10 слики од уметникот Павле Кузмановски, откако пред почетокот на минатиот викенд од МВР соопштија дека се пронајдени 6 од вкупно 16 украдени, а осомничениот со иницијали Е.Д. на 33 години заработи кривична пријава и заврши во притвор.

Истрагата продолжува во координација со Јавното обвинителство. Една од сликите е пронајдена кај лицето Е.Д(33),  две во напуштен објект под Кале, а три слики продал во галерија, соопштија од МВР.

Телма минатата недела извести дека трите слики биле пронајдени во познатата скопска галерија „Ел Греко“. Од МВР нема повеќе детали околу откриените слики во галеријата, но од „Матица“ велат дека тие им биле продадени по багателна сума од 200 евра, наспроти нивната реална вредност од 5 до 6 илјади евра. Иако ги прашавме, од МВР не одговорија  за шпекулациите  дека дел од украдените слики биле пронајдени и во Друштвото на ликовни уметници. Но , од ДЛУМ демантираат.

Се работи за неточна инфирмација. Доколку беше точна до сега ќе бевме повикани на информативен разговор во МВР или ќе бевме посетени од полициски службеници , што не се случило, вели претседателката на ДЛУМ Јана манева Чупоска.

Сликите на Павле Кузмановски беа украдени од „Матица Ексклузив“, во две последователни кражби рано наутро, на 26 и 27 јуни. При тоа бил украден и прометот од касата на „Матица“. Тогаш од таму кажаа дека наишле на обиена главна врата и на уште една внатре, која била железна. А ,од МВР по двата увиди соопштија дека вратите биле насилно обиени, а крадецот употребил адекватен алат. Уметникот Кузмановски штетата ја процени на 10-15 илјади евра.

На изложбата на Кузмановски во „Матица Ексклузив“, беа изложени вкупно 22 слики, работени во различни техники, во помал формат, на тема урбани пејзажи.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе