Вести Култура Македонија

Крадецот на сликите на Павле Кузмановски заврши во притвор

Фатен е крадецот на уметничките слики на Павле Кузмановски кои беа изложени во Мултимедијалниот центар „ Матица Ексклузив“, соопштија од МВР.

Како што велат од таму, вчера на подрачјето на Општина Центар, полицијата го лишила од слобода 33 годишното лице со иницијали Е.Д. од Скопје, за кое била издадена локална потерница, поради постоење основано сомнение дека сторило две тешки кражби на уметнички слики на 26 и 27 јуни, од книжарницата на издавачката куќа „ Матица“.

„Дел од украдените уметнички слики се пронајдени и вратени на сопственикот. Е.Д. е задржан во полициска станица –Центар и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело тешка кражба, казново по член 236 од кривичниот законик. А, од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор“ – соопштија од МВР.

Од „ Матица “ за Телма потврдуваат дека кај нив се вратени 6 од вкупно 16 украдени слики на Кузмановски. А, три од нив биле пронајдени во позната скопска галерија.

„Кај нас се вратени 6 украдени уметнички слики. Од нив една е многу оштетена и повеќе не е за употреба. Три од делата биле пронајдени во галеријата Ел Греко. За останатите дела и понатаму се трага“ – вели Раде Силјан од „Матица Ексклузив

Сликите на уметникот Павле Кузмановски беа украдени во две последователни кражби на Мултимедијалниот центар „Матица Ексклузив“ , на крајот на минатата и на почетокот на оваа седмица.

При тоа беше украден и целиот промет од касата на книжарницата.

Од „Матица“ тогаш кажаа дека наишле на обиена главна врата и уште една внатре, која била железна.

По извршените истраги од МВР кажаа дека вратите биле насилно обиени, а крадецот користел адекватен алат.Уметникот ја процени штетата на 10 до 15 илјади евра.

На изложбата на Кузмановски во „ Матица“, беа изложени вкупно 22 дела, работени во различни техники, во помал формат, на тема урбани пејзажи.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе