Вести Култура

Изложба со фотографии од концертите на легендарниот Ник Кејв во КИЦ

Ник Кејв, славниот музичар, пејач, поет и изведувач е во фокусот на осмото издание на Скопје синема сити, фестивалот на музички документарци. Фотографии од бројните концерти на Кејв во Белгрaд, Загреб и Нови Сад во изминатите неколку години, дело на белградскиот рок фотограф Немања Ѓорѓевиќ за прв пат има можност да ги види и домашната публика во Културно-информативниот центар.

Најфасцинантна е неговата музика, секако, неговиот пристап кон публиката, атмосферата која ја создава како да настапува пред 50 луѓе, а настапува понекогаш и пред 20.000 луѓе. Во принцип е навистина тешко да се направат овие фотографии, затоа што Ник Кејв не е некој љубител на светла и не дозволува секогаш да се фотографира од публика. Вистина е тешко да се фотографира преку толку многу публика кој го опкружува, затоа и одредени фотографии се едвај направени и навистина сум горд на нив“ – изјави фотографот Немања Ѓорѓевиќ.

Во рамките на Фестивалот утревечер во Кинотеката на Македонија е проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20.000 дена на Земјата“, во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард.

Земја во фокус за оваа година е Србија и во селекцијата ќе бидат прикажани 4 филмови кои освоиле награди на фестивалот Докенритам од Белград.

Завршната вечер е посветена на електронската музика со филмот „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок.“ „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр.

Филмот е во нарација на Лори Андерсон.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе