Култура

21 Cinedays започнува на 7 јули со премиера на филмот „ Мими“

Отворањето на 21 издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“  ќе биде со македонската премиера на долгометражниот игран филм „Мими“, во режија на Даријан Пејовски, на 7 јули, на кровот на ГТЦ.

Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ од 7 до 14 јули, на фестивалската програма ќе бидат прикажани повеќе од 50 филмови, а „Мими“ кој е селектиран во SEE програмата ќе се натпреварува за една од наградите на „Синедејс“.

  • Мими ги напушта своите родители, и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара – млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има – мајчинството, велат од МКЦ во соопштението.

Улогите во филмот ги толкуваат: Наталија Теодосиевска ( во насловната улога на Мими), како и Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и др.

Даријан Пејовски е автор на сценариото по кое е снимен филмот. Дејан Димески е кинематографер, сценографијата е на Игор Тошевски, Емилија И.Атанасовска – костимограф, Ива Куробаса – шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски, а дизајнер на звукот е Игор Поповски. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ.

Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора, и истиот е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора.

Годинешниот „Синедејс“ има многу изненадувања од домашната кинематографија сместени во различни селекции, но и богата Офф програма поврзана со македонската филмска индустрија.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе