Вести Култура Македонија

Во две последователни кражби уркадени 16 слики од изложбата на Павле Кузмановски во „Матица Ексклузив“

Увид од МВР во објектот на „ Матица Ексклузив“ во Центар и забрана на телевизиите да снимаат внатре додека трае истрагата. На ваква сцена наиде нашата екипа откако на пладне го посетивме објектот на Мултимедијалниот центар Матица Ексклузив кој беше мета на две провални кражби вчера рано наутро во 3 и 30 , но и утрово во 4 и 30 часот. При тоа се украдени 16 од 22 слики од уметникот Павле Кузмановски, кои ја сочинуваа неговата изложба отворена на 23 јуни.Кражбата на делата први ја констатирале вработените во „ Матица Ексклузив“. Според нив во двата случаи била обиена оваа главна врата, а потоа и уште една внатре, која била железна.

Обиена е главната врата од каде што се влегува. На истиот начин како што е првиот пат, така и вториот пат обиена е вратата. Забележав дека првиот пат беа украдени 6 слики, а утрово се украдени уште 10. Комплетно беше сè растурено. Дури и касата е обиена. Она што имало средства и тие се украдени. Така што е направена голема штета, изјави Раде Силјан од „Матица Ексклузив“.

Павле Кузмановски е истакнат академски сликар од Тетово. Тој денеска тргнал по друга работа кон Скопје и кога дошол во „ Матица Ексклузив“, разбрал дека неговите дела работени во изминативе 60 години во техниките масло на платно, акварел, цртеж со туш и пастел, сите на тема урбани пејзажи, се украдени.

Ако бидеме малку објективни, таа штета од тие 15- 16 дела кои беа во помали формати секако, не беа во големи формати. Би рекол дека за мене, со најголема скромност е некаде до од прилика 10-15 илјади евра би била таа материјална штета. Да се надомести не вреди, ако делата ги нема, вели ликовниот уметник Павле Кузмановски.

Според првичниот увид во безбедносните камери, кражбата во двата случаи ја извршило едно лице, дополнува Кузмановски кој е загрижен како ќе ги врати дел од украдените слики кои биле подарени.

Од МВР потврдуваат дека кражбите биле пријавени и при извршените увиди е утврдено дека било влезено во книжарницата со употреба на сила и подесен алат и биле одземени во првиот случај 6, а во вториот- 10 слики. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки- Мицотакис им се заблагодарил за соработката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе