Вести Економија Топ вести

Бесими: Граѓаните треба да знаат дека енергијата ќе треба да се штеди, бидејќи цените не се одржливи на ова ниво

„За време на ковид се зборуваше за некоја нова нормалност од економски аспект е да се мине низ различни кризи, после ковид инфлација, па сега војната во Украина. Без да заврши една криза почна втора па трета, а сега војна. Имаме вистинска војна, сликите се како во Втората светска војна. Која е веројатноста за следна криза. Ризикот е дали, во втората половина од годината кога сите го ревидираа растот на пониско ниво, дали тоа ќе предизвика стагфлација, тое е нова рецесија. Тоа е најголемиот предизвик. Реагиравме во првата половина од годината со мерки, но шокот беше многу поголем и ние се принудивме да имаме реалокација внатре во буџетот, па пакетот мерки го сумиравме на 400 милиони. Некаде се директни, некаде индиректни, а заклучно со минатата година се 650 милиони евра и сега ребалансот е одговор на тоа што се случи“, рече во вечерашната емисија на Телма „Вин Вин“, министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Шокот е толку голем и да се прилагодиме стопанството да има помала штета. Наш главен трговски партнер е ЕУ, најпогоден е европскиот пазар. Сѐ што се случува на европските пазари се пренесува кај нас, зашто имаме фиксен девизен курс во однос на еврото. Учеството на прехрамбените производи кај нас е повеќе од 50%. Тоа дополнително влијае врз инфлацијата. Па оттука во четири месечниот период, просекот на инфлација од 8,4%. со тоа што април надмина 10%, тука гледаме дека учеството на прехрамбените производи е над 18%, 29% се цените на нафтените деривати. Со мерките кои ги преземаме и кои ќе ги преземеме ние нема да ги решиме проблемите. Тоа што граѓаните треба да знаат е дека енергијата ќе треба да се штеди, бидејќи цените не се одржливи на ова ниво кое го имаме сега ние, во споредба со светските и европските пазари“, вели министерот Бесими.

Тој вели дека не се само зборови, бидејќи има фонд за енергетска ефикасност во Развојната банка и дека владата прави чекори за подобрување на енергетската ефикасност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Ако улицата се скрати еден метар, нема да можат да поминат ни Пожарна, ни Брза помош – жители од Маџир Маало бараат општина Центар да ја стопира узурпацијата на јавен простор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе