Вести Македонија Најважни

Историски настан кој предизвика задоволство во православниот свет – реакции по благословот на СПЦ за автокефалност на МПЦ-ОА

Не стивнуваат реакциите во православниот свет по одлуката на СПЦ да ја благослови автокефалноста на МПЦ – ОА и со тоа да се премине кон последниот чекор односно поднесување на барање до Вселенската партијаршија за томос.

Вселенскиот патријарх, г.г. Вартоломеј, во интервју за грчката националната телевизија , кажа дека станува збор за историски момент кој почна со отстранувањето на повеќедецениската шизма. Тој појасни дека дијалогот меѓу македонската и српската црква постоел пред да се донесе одлуката за каноничност на МПЦ – ОА а во извесен период бил вклучен и посредник медијатор.

„Се обидовме да им помогнеме. Во некој момент го одредивме неговото блаженство архиепископот на Албанија Анастасиос да има медијаторска улога. Се обиде, отиде, се врати, разговараше со двете страни, не успеа поради реакциите, во главно од страна на српската црква и официјално со писмо, во некој момент го врати мандатот. Но, обидите и молитвите на Вселенската патријаршија не беа прекинати“, рече г.г. Вартоломеј.

Тој додаде дека одлуката и помогнала и на српската црква да ја одржи заедничпката литургија за помирување а потоа и благословот за автокефалноста на МПЦ – ОА, на што е исклучително задоволен тој но и Вселенската патријаршија.

Денеска се огласи и Руската православна црква која го поздрави благословот за автокефалноста и го оцени како радосен настан. Благословот ќе биде тема на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, како и дека за одлуката ќе бидат известени сите помесни православни цркви според каконскиот ред, со повик да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.

Според аналитичарите во Бугарија, Бугарската православна црква нема избор и ќе мора да ја признае Македонската црква бидејќи се откажа да помогне во решавањето на црковниот спор кој го имаше македонската црква.

Бугарската православна црква ќе мора да ја признае македонската како една од многуте православни цркви во светот, а не како единствената со која има директно заедничко историско минато. Она што се случи со МПЦ е очекувано, особено откако Бугарската православна црква во 2019 година одби да се заложи да го поддржи решавањето на македонскиот црковен случај. Откако бугарскиот синод немаше ниту овластување ниту потенцијал да го стори тоа, работите природно дојдоа до она што се случи вчера, вели д-р. Горан Благоев, историчар БАН

На вчерашната заедничка литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, српскиот ппатријарх г.г. Порфириј соопшти дека сега на ред се техничко организациските детали околу самото барање кои ќе ги работат заедно двете цркви односно Синодот на македонската и Саборот на српската и потоа ќе следи ќе следи свеченото прогласување на официјален акт, предавање на барањето на Вселенската патријаршија како единствена надлежна и известување и повик до сите помесни православни цркви да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА. Временските рокови за овој процес засега не се прецизирани.

Огнен Чанчаревиќ

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.5 милијарди евра

Дејан Дејан

ПССЕ со оценка: Предизборниот период стабилен очекуваме мирни избори според демократските стандарди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе